Петар Заборски најдобар млад спортист на град Скопје


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Денеска во организација на градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија се одржа изборот на најдобри спортисти на градот Скопје.

Каратистите на Макпетрол на овогодишната промоција на најдобрите успеаја да се закитат дополнително со нови три признанија. Најдобар меќу младите спортисти генерално во сите спортови повторно е младиот каратист на Макпетрол, Петар Заборски.

Тој оваа година со резултатите кои ги постигна на европското првенство во Софија во категорија на помлади сениори-ки (У21), освоен бронзен медал, потоа на светскиот куп во Умаг, освоен златен медал и на европската универзијада во Брага, Португалија во -75 кг, борби освоен златен медал, заслужено го освои првото место во делот на признанијата кај младите спортисти.

Јуниорката Моника Пендаровска е исто така меѓу најдобрите тројца спортисти со Двата освоени златни медали на Балканското првенство во Херцег Нови за постари јуниорки во поединечна и екипна конкуренција дисциплина борби.