Петар Аневски си поднесе оставка на функцијата поради семејни причини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денес си поднесе оставка од функцијата, пренесува „Макфакс“.

Станува збор само за престанок на функцијата претседател, а не и на членството во Советот кое ќе го тера до крајот на мандатот. Оставката ја поднел поради семејни причини и треба да биде потврдена на седницата в четврток, на која треба да биде избран и нов претседател.
Советот на јавните обвинители денес требаше да одржи седница на која беше предвидено назначување в.д. јавен обвинител на местото на Марко Зврлевски. Минатиот четврток седницата беше откажана поради немање кворум.

На тајно гласање, Петар Аневски во 2016 година повторно беше избран за претседател на Советот, откако претходно помина еден цел мандат. Член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители предвидува дека мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор. Во 2016 Хелсиншкиот Комитет ги повика членовите на Советот на јавните обвинители да закажат итна седница на која ќе ја преиспитаат својата незаконски донесена одлука, бидејќи претседтел може да биде само еднаш со мандат од две години.

Аневски тврдeше дека нема ништо спорно во неговиот избор, бидејќи според неговото читање на законот има право на уште еден мандат, затоа што добил нов мандат во Советот. „Не е точно дека незаконски сум избран. Од Хелсиншкиот комитет убаво нека го читаат законот. Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат“ истакна тогаш Аневски.