Пештерски индонезиски слики стари над 40.000 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експерти од универзитетите за археологија од Џакарта и Волонгонг, Австралија, деновиве издадоа серија документирани докази според кои во пештери на островите Сулавези и Јава се потврдува пештерско сликарство, но и постоење на припитомени коњи од пред 35 до 40.000 години.

Археолозите и историчарите до скоро сметаа дека коњите на индонезискиот архипелаг биле донесени од хордите на монголските племиња кои ги предводел прочуениот Кублај Кан, во 13 век.

Во светската историја до сега за најстари пештерски слики на коњи се сметаа откритијата во Франција и Шпанија. Слики на коњи и повеќе други четвороножни животни од праисторијата се наоѓаат во пештерите Ласко и Пе Мерл во Франција и попознатата Алтамира во Шпанија.

Со објавувањето на соопштенијата во Џакарта, експертите од Индонезија и Австралија искоментираа дека нивниот труд и откритијата не го сметаат како процес на докажување на тоа каде почнува светската цивилизација, туку како доказ повеќе дека на различни делови на планетата земја духот и околностите во кои живееле луѓето од тоа време упатуаат на пошироки хуманитарни сознанија за универзалноста на планетата земја и нејзините жители.