Перуанска пирамида во форма на вулкан им приреди изненадување на научниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вулканските ерупции се недвосмислено најголемите шоуа на Земјата, за кои некогаш се сметало дека се порти кон подземјето или дека се случуваат кога боговите коваат оружјe.

Во долината Непења во Перу се наоѓа храм кој има облик на кратер од вулкан и кој најверојатно се користел за симулирање на вулкански ерупции. Градбата висока 15.5 метри за првпат била откриена од истражувачи во 1960-тите, а изгледа идентично на еден малечок вид паразитски вулкани наречени „конуси на скориа“ (базалтна лава која има пенлива структура)

Водени од Роберт Бенфер, професор по биолошка антропологија на Универзитетот во Мисури, тим археолози отишле да ја испитаат оваа структура позната како El Volcán, и копајќи ров во кратерот откриле дека содржи тајно скалило кое водело до еден вид на комора. На дното на скалилото имало остатоци на јагленисано дрво, јаглен и школки, што сугерирало дека таму биле палени големи огнови.

Користејќи радиојаглеродно датирање, тимот открил дека огновите биле палени помеѓу годините 1492 и 1602 – за кој што период се случиле 4 тотални соларни еклипси во 1521, 1538, 1539 и 1543 – што претпоставуваат дека не било случајност.

Истражувачите сметаат дека жителите на оваа област кој немале никакво претходно искуство со таквата појава најверојатно секојпат ја прославувале во овој храм, кој според тоа бил место за прославување на победата на Месечината (и морето) врз сонцето (и земјата).

Иако сè уште не е до крај разјаснето, археолозите сметаат дека пирамидата во облик на кратер од вулкан најверојатно била изградена во периодот помеѓу 900 п.н.е и 200 п.н.е.

Во тој период се појавувале големи церемонијални архитектонски зданија, како и архетипите на првите градови. Пишувањето почнало да се шири низ регионот, а преовладувале човечките жртвувања и обожувањето на многу богови.

Тоа значи дека огновите во пирамидата најверојатно биле палени од последните остатоци на Мезоамериканските култури за време на посткласичната ера (1000-1697), стотици години откога El Volcán бил изграден.

Најмистериозен е фактот што, и покрај тоа што изгледа идентично како вистински „конус на скориа“ вулкан, такви вулкани нема во тој регион, па така е нејасно од каде оригиналните градители ја добиле инспирацијата.