Период на стабилно и топло време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Минималните дбевни температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 32 степени.

Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник.