Перез се налути и ја спрема најголемата револуција во историјата на фудбалот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше исклучитечно успешна година, но во последните месеци падна во резултатска криза, а последното реми против Селта само ја продлабочи кризата која трае со месеци, па 16 бода помалку од Барселона е срам за „кралевите“.

„Црвен аларм во Мадрид“, стои на насловната на Марка. „Кралевите“ сигурно ќе мора да ја подобрат формата, особено пред осминафиналето во ЛШ. Доколку бидат елиминирани од ПСЖ во средината на следниот месец, Зинадин Зидан многу лесно би можел да стане бивши.

Јасно, медиумите веднаш шпекулираат дека отказот е близу, но веројатно Перез нема да го смени ниту ако испадне од Лига на шампиони. Сепак јасно е дека следното лето ќе бара нов тренер.

Како што стојат работите, негов наследник ќе биде некој од следните тренери – Јоаким Лев, Антонио Конте или Макс Алегри.

Што се однесува до предниот трансфер рок, се чини дека Перез ќе го чека летото. Кепа уште не е пристигнат, повреден е и ќе паузира три месеци. Зидан изјави дека не му треба голман па е јасно дека е подобро Реал да го почека летото за да не ја плаќа неговата клаузула.

Ова лето би можело да биде најжешко во поновата историја на клубот кога станува збор за нови засилувања.

Покрај Зидан, Реал би можеле да го напуштат Бензема, Роналдо, Бејл, а веројатно и Тони Крос, што ќе значи тектонски промени на тимот. Нејмар е првата мета, следен е Дибала, потоа еден стопер, па јасно е дека Реал ќе се засили на четири или пет позиции во тимот.

Она што е јасно е дека Перез ќе инсистира да го подмлади својот тим и да започне нова ера, за што ќе му биде потребно огромна сума пари. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ на располагање ќе имаат буџет од околу 400-500 милиони евра.