Перез донесе одлука – на лето прави целосна реконструкција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид лошо ја започна сезоната, во Примера заостануваат 5 бода, а после ремито со Тотенхем јасно е дека на тимот му требаат нови лица.

Како што пренесува доброинформираниот „Дон Балон“, претседателот Флорентино Перез донел конечна одлука и на лето ќе прави целосна реконструкција на тимот.

Тимот има основа и голем број на млади и перспективни фудбалери, но во Шпанија се сигурно дека ќе има и големи продажби следното лето.

Триото „ББС“ ќе замине во историја бидејќи Герет Бејл готово сигурно ќе биде продаден на крајот на сезоната, а најверојатно и Бензема ќе се пресели во Премиер лигата.

Перез е одлучен да прави нови „галактикоси“ и веќе е спремен списокот. Медиумите тврдат дека Реал е спремен да ја плати клаузулата за Антоан Гризман и да донесе голман од светска класа. Прва мета е Де Геа, а како алтернатива се споменува Донарума.

Најголема желба во нападот е Дибала, кој заедно со Гризман и Роналдо ќе го формира новото напаѓачко трио, а тука е и Асенсио кој ќе добие многу поважна улога во тимот.

Без оглед на исходот на сезоната Перез е одлучен да го реализира овој плен бидејќи смета дека тимот е заситен и потребна му е „свежа крв“.