Перез: Бејл во Јунајтед? Нема шанси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Судирот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје беше прилика да се засилат шпекулациите за евентуален трансфер на Герет Бејл на „Олд Трафорд“.

Шпекулациите додатно ги засили и Жозе Мурињо кој истакна дека ќе се бори за Велшанецот, меѓутоа првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез категорочно дематираше дека постои шанса за такво нешто.

„Герет Бејл е меѓу оние фудбалери кои не се на продажба. Тој е еден од најдобрите во светот, многу е важен за нас и нема никакви шанси да го продадеме“, изјави Перез.

Бејл беше стартер на дуелот од Суперкупот и еден од најзаслужните за триумфот на „кралевите“, а после мечот ги прокоментира гласините.

„Исклучиво сум сконцетриран на фудбал и не слушам што се зборува или пишува по весниците. Уживам во фудбалот и сакам да продолжам да освојувам трофеи со Реал Мадрид“, изјави Бејл.