Павловска Данева претставник од Македонија во ГРЕКО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на својата редовна седница расправаше за состојбата во Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп. За таа цел Владата ги задолжи вицепремиерот Кочо Анѓушев и Министерството за финансии, во соработка со Генералниот секретаријат, да подготват соодветен акт за надминување на состојбата во оваа компанија.

Владата исто така ја разгледа информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“ за периодот од 2015 до 2018 година на предлог Министерството за транспорт и врски.

Воедно, како член на ГРЕКО, Група на држави против корупција на Советот на Европа, како претставник од Македонија ја именува Ана Павловска Данева. Владата по предлог на Секретаријатот за европски прашања ги задолжи министерствата надлежни за политиките и за борбата против корупцијата да издвојат предмети што се однесуваат на корупцијата, на перењето пари, организираниот криминал. Овие предмети ќе бидат доставени до телата на Европската комисија на ЕУ, која врз основа на нив ќе ја започне постапката за евалуација на системот за справување со корупцијата и организираниот криминал на Република Македонија.

Тема на седницата беше и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“ за периодот од 2015 до 2018 година на предлог на Министерството за транспорт и врски.

Владата донесе одлука и за преговори за склучување протокол помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.