Павле Воскопулос: Еве зошто е опасно и зошто Грција сака да се викаме Горна Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веројатно еден од најголемите познавачи на грчко-македонските односи, борецот за човекови права Павле Воскопулос уште еднаш потенцираше зошто е опасно да го прифатиме името Горна Македонија и зошто Грција инсистира баш на географска одредница.

„За да знаете зошто во Грција сакаат државата на север да се вика „Горна Македонија“ или со географски префикси… Насловот на книгата, што ја пишуваат современите грчки историчари, советници на премиери и сл. се вика: НЕЗАБОРАВЕНА ТАТКОВИНА – ГОРНА МАКЕДОНИЈА

Ова, што книгата не е само една книга на историчари туку во потсвест на секој Грк преку образовниот систем се „сади” токму насловот на книгата. Слично како оваа книга, така се пишува и во книгите по Историја, во Основно и Средно образование.

Вечна инвестиција на иредентизмот…

Плус мора да докоментирам. Ќе ме чуди во Република Македонија било која власт да разговара или ќе разговара за некој тип решение со „географски префикси“ бидејки не се оспорува Македонскиот национален идентитет. Да, секако не станува збор за идентиетот со географски префикси ама паметен Македонец прав Европјанин и демократ што сака да креира позитивна иднина, токму би одбивал баш такви решенија (Горна, Северна и сл), што ги туркаат народите во иредентизам и мегаломански идеолошки творби. Отров за граѓаните на регионот. Извинете ама Македонец нормален, одбива да разговара за иредентизми, окупации, соединувања и сл. а токму географски префикси – делби околу името на независна држава на регионот е печат за овие мисли и дела.

Иначе плус не треба голем ум да заклучи демократ Македонец и демократ Грк дека од една страна грчката власт да „плампа“ и да инсистира да нема иредентизам, па дури некој си Ципрас аргументира за Уставот на Република Македонија, за да нема „иредентизам“ а во друга страна токму „оган“ на иредентизам со „географски префикси“ на името на дрзавата Република Македонија.

За ова нерелевантно дури и анти-хумано размислување што е токму инвестиција да се „јадат“ народите и граѓаните во овије две соседни држави ние од Виножито стриктно му пишувавме на Нимиц како медијатор токму околу нерелевантноста на географските „решенија“.

Имаме апсолутно право како припадници на македонското малцинство да аргументираме за позитивна иднина на регионот поврзано со Македонското прашање.

Нимиц, што токму задача на ОН е да го чува мирот и позитивната иднина на државите без конфликти, карања и сл. самиот Нимиц би требало да им рече на било кој од двете страни за деструктивниот предлог од тип “географски префикси”. Ово е токму против вредностите на ОН.

Ако не го знае токму тоа најнормално што пишувам да го каже јавно Нимиц и одговорните, тогаш навистина овој човек и овие луѓе имаат минус околу зачување на мирот во регионотот за следните генерации.

Кој разбра разбра… ;-)“, пишува на својот Фејсбук профил Павле Воскопулос Филипов.