Славни

Паднаа и прстени: „Кралицата на бујните деколтеа“ мажена го заведе славниот фудбалер


Љубовта не познава граници, а најмалку онаа старосната. Па кога уште во игра ќе си „влезат“ и парите, поточно многу, многу пари, тогаш ич не правиме муабет за граници.

Таков е и овој пример. Станува збор за љубовната приказна за една фатална секс бомба која го остави својот сопруг милионер, за да го „џапне“ 13 години помладиот славен фудбалер, кој исто така не е за жалење во поглед на финансии.

Играчот за врска на Челзи, Цеск Фабрегас, после шест години врска и три деца, ја побара за сопруга својата девојка Даниела Симан.

Даниела има вкупно пет деца, две од претходниот брак со милионерот Ели Тактук, кого го остави поради 13 години помладата фудбалска ѕвезда. Медиумите во 2011 година беа полни со приказните за атрактивната Даниела, нејзиниот бивш сопруг и младиот фудбалер кого го освои штом го виде.

Во врска со нивното запознавање главно се споменуваа две верзии, нејзината и онаа на нејзините пријателки.

Според верзијата од Даниела, Цеск и таа размениле броеви откако таа му пришла во еден јапонски ресторан во Лондон и го замолила за автограм за нејзиниот син, кој е негов обожавател.

Според другата верзија, атрактивната Даниела поминала крај неговата маса при што од нејзината рака „испаднало“ едно ливче со нејзиниот број.

Она во кое двете верзии се совпаѓаат е тоа дека Даниела во тоа време беше мажена. Дека сопругата го изневерува, лондонскиот милионер Тактук дознал кога едно утро ги отворил дневните весници и ја видел неговата сопруга со фудбалерот во Ница.

Истиот миг тој побарал прекин на нивниот 13-годишен брак. Судот одредил дека тој мора да го продаде нивниот дом во лондонска Белгравија, за на својата сопруга да исплати 1,4 милиони фунти. Но, тој полудел кога за куќата добил понуда од фирма која е со седиште во Барселона, за која брзо се утврдило дека е сопственост на Фабрегас.

Својата веќе бивша сопруга пред медиумите и судот ја нарече спонзоруша и бараше да се поништи одредбата со која тој мора да исплати било што на нејзина сметка после разводот. Во тоа не успеа и Даниела на крајот ја доби бараната сума.

Во текот на долготрајната и горчлива бракоразводна парница, најразборувани беа пријателките од Даниела, кои го открија и нејзиниот надимак „Кралица со дупло D“, според големината на градникот кој го носи. Даниела тоа време тврдеше дека нејзиниот нов дечко ништо не плаќа, освен превозот од Лондон, каде што живее таа, до Барселона, каде што престојува тој. Но, папараците често ги ловеа по монденските места, а на фотките таа, облечена во микро бикини, се шеткаше крај базените.

Во тоа време Даниела, на нејзиниот Твитер профил, главно пишуваше за нејзината верба во Бога. Фотографите после тоа ја „ловеа“ како, откако ќе излезе од станот на својот помлад љубовник, заминува во поход по продавниците во Пасеж де Грација, улица со дизајнерски бутици.

Шпанските девојки и сопруги на спортските ѕвезди не ја сакаа бидејќи упорно им го крадеше цело внимание. Така, на венчавката од Ана Ортиз и Андрес Иниеста се појави во фустан со засек до самиот задник, а со своето длабоко и отворено деколте го украде и вниманието од Антонела Рокузо на нејзината свадба со Лионел Меси.

Едно време на Твитер беше активен профилот Doctor Lebanon, чиј автор тврдеше дека живеел во селото опкрај она во кое растела Даниела. Ја нарекуваше „спонзоруша“ и „бесчувствителна заводничка“, а откри дека пораснала во сиромашно семејство покрај гратчето Мизиаре.

Таму го запознал и својот прв сопруг, чие семејство било богато. После венчавката се преселиле во Лондони добиле две деца, Марија и Џозеф. Во времето кога таа и тогашниот сопруг се обидуваа да добијат и трето дете, се појавија оние фотографии од нејзиниот одмор со Фабрегас во Ница.

„Тој има 25 години и будала е. Таа го ловеше, а ќе го остави штом ќе секнат парите. Па, не е тој Дејвид Бекам“, изјави Тактук.

Пред четири години Даниела му го роди на Цеск првото дете, ќерката Леа, а потоа и синовите Капри и Леонардо. Нивната врска се најде во проблеми кога околу фудбалерот почна да се врти бившата девојка на актерот Леонардо ДиКаприо, фаталната Бар Рафаели.

„Опсесијата на некои манекенки со одредени фудбалери е смешна. Имај малку почит“, напиша тогаш Даниела на Твитер.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top