Пад на турската економија поради намалување на потрошувачката и извозот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турската економија бележи пад за речиси два отсто на годишна основа, во третиот квартал од оваа година, за прв пат од 2009 година. Според официјалните податоци турската економија доживеа пад откако опадна потрошувачката и извозот.

Турската канцеларија за статистика соопшти дека бруто домашниот производ (БДП) бележи пад од 1,8 отсто во однос на истиот квартал во 2015 година, што предизвика и моментален пад на вредноста на лирата.

Економски пад придонесе и помалата потрошувачка, која според статистичките податоци намалена е за 3,2 отсто во претходниот квартал, додека извозот на стоки и на услуги забележа пад од 7,0 отсто.

Овој извештај е еден од најсилните показатели дека политичката нестабилност во периодот после обидот за воен удар на 15 јули се уште влијае на довербата на потрошувачите.

Последен пат Турција забележа негативна стапка на раст пред 27 квартали, односно во 2009 година, кога земјата влезе во рецесија.

Според податоците од канцеларијата за статистика во третиот квартал пораснале државните расходи за 23,8 отсто.

Денешните бројки доаѓаат во време кога турската туристичка индустрија се бори со големи проблеми по бројот на терористичките напади за кои се обвинети џихадистите на Исламската држава и курдските милитанти, и после неуспешниот воен удар на 15-ти јули.

По објавувањето на податоците, девизниот курс на турската национална валута падна во еден момент на ниво од 3,53 лири за еден американски долар од претходното ниво од 3,48 лири, како одговор на слабите економски податоци и продолжувањето на хаосот во земјата. Во вчерашните попладневни часови на тргување, околу 16,30 часот лирата се врати на ниво од 3,48 во однос на доларот.