Спорт

Озил донесе одлука – останува во Премиер лигата


Како што пренесуваат англиските медиуми Месут Озил нема намера да остане во Арсенал, но донел одлука да остане во Премиер лигата.

Арсенал во тимот има двајца фудбалери на кои им истекува договорот на крајот на сезоната, Месут Озил и Алексис Санчез, и според најавите двајцата немаат намера да ја продолжат соработката.

Според правилата на УЕФА и двајцата уште во јануари ќе бидат слободни да потпишат преддоговор со друг клуб, а англиските медиуми пренесуваат дека Озил веќе донел конечна одлука.

Имено, за Германецот силен интерес покажува Жозе Мурињо, па Озил од следната сезона ќе настапува на „Олд Трафорд“.

„Специјалниот“ не сака да ја пропушти шансата да донесе играч од светска класа без обештетување, а и да му нанесе нов удар на Арсенал.

Озил успешно соработуваше со Мурињо додека двајцата беа во Реал Мадрид, па наводно тоа било клучно во донесувањето на одлуката.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top