Овој цртеж чини неверојатни 60.000 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скица за омотот на албумот „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” изработена лично од Џон Ленон, член на легендарниот рок бенд „Битлси“, ќе биде ставена на аукција, која ќе се одржи во Њујорк следниот месец.

Според аукциската куќа Julien’s Auctions, цртежот се очекува да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 долари. Бил пронајден во домот на Ленон во Кенвуд, југоисточен Лондон.

Идејата за легендарниот омот била на Пол Макартни. На него се нацртани четворицата членови на бендот околу тапани, а во позадина има колаж од познати личности.

Меѓу другите предмети кои им припаѓале на музичките легенди, а кои ќе се најдат на аукцијата, се и пијано на Елвис Присли, за кое се очекува понуда од 200.000 долара, како и гитарата на џезерот Џанго Рајнхарт од 1964 година.