Овој е единствениот (и најдобар) совет за добар секс кој ви е потребен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За добар секс не ви треба претерана флексибилност, ниту некој авантуризам во креветот, тврдат експертите, туку нешто сосема едноставно.

Никол Праус, научничка од универзитетот во Калифорнија која се занимава со сексуалноста, тврди дека за добар секс само мора да знаете добро да слушате.

„Ако ви се допаѓа некое движење во креветот од вашиот партнер, едноставно треба само да му кажете ’ми се допаѓа тоа‘. Користете зборови, ако можете и поконкретно нагласете што точно ви се допаѓа во тоа. Не мора одма да почнете со големи ’кинки‘ ставови и движења, ако ви е непријатно, почнете со ситници за да изградите доверба и да стекнете сигурност во тоа“, советува таа за New York Magazine.

Едноставно кажете што сакате и што посакувате, што ви се допаѓа, па ќе уживате како никогаш дотогаш.