Живот

Овие секс трендови ќе владеат во 2018 година


До крајот на 2017 година останува помалку од еден месец, а годината која е пред нас по многу нешта може да биде интересна, а може во целост да го промени и сексуалниот живот на многу жени.

Woman’s Health ги предвидува најголемите секс трендови кои ќе владеат во 2018 година, а ќе бидат достапни за сите жени на светот.

„Паметни“ секс играчки за најдобар оргазам

На пазарот се појавија гаџети првенствено наменети за стимулација на клиторисот и G-точката, кои го подобруваат постигнувањето на оргазам. Една од тие играчки е Liones која со помош на апликација ги проучува звуците и така го прави токму она кое одредена жена најмногу ја возбудува.

Ново руво на најпознатиот вибратор на светот

Вибраторот Rabbit кој го прославија девојките од популарната серија „Сексот и градот“ доби своја редизајнирана верзија, односно подобрени му се функциите. На пазарот се наоѓа под името Magnetize Rampant Rabbit. Како што кажува самото име, тој со помош на магнети го подобрува интензитетот на оргазмот.

Нови начини на забава

Свингањето одамна е сè, само не претерано тензично за љубителите на неконвенционалниот сексуален живот. Сега на сцената настапуваат кабаре вечери, гола јога, едукација и секакви пропратни активности, а најчесто станува збор за цел викенд кој се поминува на ваков, по малку различен начин.

Секси Bluetooth

Иако се чини дека Bluetooth тони во заборав, искористен е за нов начин на секс забава. MysteryVibeCresend е апликација која им овозможува на партнерите да бидат на оддалеченост од 30 метри, а сепак доволно блиску за меѓусебна стимулација. Бесмислено само по себе, но одлично за предигра.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top