И овие без исав: Еве колку земаат Јункер и Могерини за патни трошоци на патувањата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, деновиве се во центарот на вниманието поради контроверзните информации за трошење илјадници евра на приватни чартер-летови како дел од официјалните мисии, покажуваат документите што ги објави групата за човекови права „Аксес инфо Јуроп“, пренесува „Гардијан“.

„Иако групата го поднесе барањето пред три години, Комисијата на ЕУ не сакаше да ги објави своите финансиски детали, прво објавувајќи силно изменети документи за неколку месеци“, изјави Хелен Дарбишир, директор на групата, цитиран од „Гардијан“.

Документите објавени во вторникот од белгискиот магазин „Нек“, кој ја поддржува невладината организација со седиште во Шпанија, во својата долгогодишна битка со бирократите на ЕУ покажуваат дека комесарите на ЕУ потрошиле речиси половина милион евра (492.249 евра) за трошоци поврзани со патување во период од два месеца. И покрај тоа што сумата ги вклучува патните трошоци на сите 28 комесари на ЕУ, издвоени се трошоците направени од двајца врвни службеници на ЕУ.

Највпечатливо откритие е износот на парите потрошени од Могерини и нејзината придружба да летаат во главниот град на Азербејџан, Баку, на самитот на крајот од февруари. Целокупните трошоци на мисијата надминале 75.000 евра, покажуваат документите што беа откриени. Таа побарала 96.091 евро за патни трошоци во текот на двомесечниот период, кој е детаљно разгледан во извештајот.

Јункер, пак, користел приватен чартер-авион за себе и придружна делегација од осум лица, кои летале во Рим во февруари минатата година за да се сретнат со високи италијански официјални лица. Посетата, која траела само еден ден, ги чинела неверојатни 26.351 евро.