Овие 6 реченици никако не ги изговарајте на работното место!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сигурно не сакате да бидете трн во очите на колегите и шефовите, зар не? Ако е така, тогаш немојте да ги изговарате овие реќеници на работа, за да не бидете потполни негативци. Еве за кои шест реченици станува збор и зошто треба да ги избегнувате кога сте на своето работно место.

„Ние секогаш така го правиме тоа“
Најлесно да се извлечете на тоа дека „работите едноставно така стојат отсекогаш, но тоа значи дека не сте спремни за промени и подобрувања, туку го задржувате статусот каков што е.

„Тоа не е моја вина“
Ова е потполно погрешно. За секоја акција која ја превземата треба да сносите и одговорност, независно дали последиците се позитивни или негативни. Подобро во ваква ситуација постапете на следниот начин: „Објаснете што се случило и потоа оставете на шефот да донеси пресуда кој е крив, а кој не е“.

„Јас тоа не го можам“
Оваа реченица не сака да ја слушне ниту еден шеф. Наместо во старт да го одбиете, пробајте да се договорите дали можете да останете подолго на работа или да дојдете порано.

„Тоа не е моја работа“
Работите се менуваат и се надоградуваат, а оние кои не се спремни за конкретната работа го велат токму ова. Секако дека не мора да правите работи кои навистина не се за вас, но помогнете како што ви помагаат вас.

„Не е фер“
Ако ја изговарате оваа реченица како разгалено детиште, подобро не ја изговарајте.

„Тој или таа се неспособни“
Што е полошо од тоа на шефот да му кажете „јас тоа не го можам“? Тоа е да зборувате лоши работи за вашите колеги. Во очите на било која личност која што ќе го слушне ова ќе бидете бедни, а сигурно не сакате да добијат таков впечаток за вас.