Оваа промена на рецептот за Нутела ги разлути обожавателите на слаткиот крем

nutella

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот Нутела крем, поточно неговиот произведувач, повторно се најде на мета од лавина критики и револт од потрошувачите. Овој пат причина за тоа е измената на рецептот за изработка на кремот од лешници.

Потрошувачите се огорчени и ги критикуваат Фереро Роше дека го промениле рецептот за нивниот омилен крем од лешници.

Потврдата од Фереро роше дојде откако се забележани промените од германската групација за заштита на потрошувачи. Кремот ќе содржи повеќе шеќер, а со тоа и полесно ќе се мачка на леб. Имено, во новата Нутела ќе има млеко 8,7 отсто (наместо 7,5 отсто) и зголемено количество шеќер – наместо досегашните 55,9 отсто, сега Нутела ќе содржи 56,33 отсто. Десетици илјади потрошувачи на социјални мрежи искажаа свое несогласување поради измените во кремот.