Актуелно

Оваа кинеска компанија го згази Фејсбук на светската берза


Facebook, официјално, испадна од елитниот топ пет клуб на технолошки компании на светската берза, откако кинескиот гигатн се наметна со својата моќ и го истисна од берзанскиот врв.

„Tencent Holdings“ го надмина „Facebook“ по пазарна капитализација, претворајќи се во првата кинеска технолошка компанија, која станува дел од петте најголеми технолошки корпорации во светот, пишува „Bloomberg“.

Инвеститорите се вртат кон кинескиот гигант во социјалните медиуми, засилувајќи го овогодинешниот раст на цената на акциите до 127% и зголемувајќи ја неговата пазарна капитализација за 292 милијарди долари при затворањето на берзите вчера.

Растот годинава го направи основачот на компанијата, Ма Хуатенг вториот по богатство човек во Кина и даде поттик на целата берза во Хонгконг. Операторот на услугата за пораки „WeChat“ сега се проценува на 523 милијарди долари, надминувајќи ја оценката на „Facebook“ од 522 милијарди долари во понеделникот.

Инвеститорите се потпираат на тоа дека Tencent може да се обложи на своите над 1 милијарда потрошувачи и блокбастер игри како „Honour of Kings“, за да се стане гигант во рекламирањето и забавата, слично на „Google“ и „Facebook“. Компанијата е основана пред речиси 2 децении како веб портал, претворајќи се потоа во еден од најголемите снабдувачи на видео игри. Водечката нејзината улога во кинеските социјални мрежи сепак води и до проширување на нови пазари како видео стриминг и финансии.

Сепак, порастот на Tencent ги надминува историските проценки. Компанијата сега се тргува со повеќе од 50 пати повеќе од профитната маргина, што е над просекот од околу 30 пати во текот на изминатите две години. Од останатите четири компании, кои се поголеми од Tencent – „Apple“, „Alphabet“, „Microsoft“ и „Amazon“ – само кај последната, тоа ниво е пониско.

„Tencent“ не е првата кинеска компанија, која наоѓа место како една од најголемите во светот. Ентузијазмот на инвеститорите за серија новорегистрирани на берзата државни компании го зголеми рејтингот на имиња како „Industrial & Commercial Bank of China“ во изминатата деценија. „PetroChina“ во 2007 година пак, стана првата компанија во светот која стигнала до капитализација од 1 трилион долари.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top