Авто мото

Ова возило го турна Волво на второ место по продаваност во Шведска


Шведски автомобилски бренд број еден во 2016 година не беше „Волво“, со што првпат по речиси половина век најпродаваното возило во земјата не потекнува од палетата на домашниот производител.

Наместо „Волво“, приматот лани го презеде германската компанија „Фолксваген“, односно нејзиниот бренд „Голф“, соопшти шведската државната асоцијација на производители на автомобили.

„Фолксваген Голф“ е на прво место со удел од 5,9 отсто на шведсиот пазар, а „Волво“ е втор со 5,7 проценти удел во продажбата.

Последниот пат кога „Волво“ не беше на прво место по продажба во Шведска беше во 1962 година кога најпродаваниот автомобил исто така беше на „Фолксваген“, неговата тогаш многу популарна „Буба“.

Иако, „Волво“ сега е во сопственост на кинеската компанија „Жецианг Гели Холдинг“, граѓаните на Шведска и остатокот од светот се уште го доживуваат како шведски производ.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top