Живот

Ова се трите сигурни знаци дека имате одличен секс

секс

Сексот е многу важен дел од секоја врска. Но овој многу интимен чин го постигнува врвот дури тогаш кога двајцата партнери уживаат во моментот. Многумина се прашуваат каков секс имаат, па следат три сигурни знаци со кои може да процените.

За време на сексот, не се занимавате со изгледот

Водењето љубов е процес низ кој треба максимално да уживате и да се препуштите на чувствата. Во тие моменти и не е така важно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали се гледа целулитот. Ако се препознавте во овие ситуации, тогаш треба да знаете дека имате совршени односи.

На партнерот може да му речите точно што сакате

Сексот е исто така многу индивидуален, и секој од нас има различни желби и потреби. Па затоа, комуникацијата со партнерот гарантира совршен секс. Доколку постои комуникација со партнерот вие може да го насочите партнерот на вашите омилени движења и слично. Се со цел двострано уживање и задоволување на индивидуалните потреби.

После секс се чувствувате потполно опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалните односи влијаат на работата на мозокот и лачењето на хормони на среќа и задоволство. Но тоа не се однесува само на страстен и безгриен секс. Ако после сексот не може да ја тргнете насмевката од лицето, а притоа чувствувате како телото ви се преморено, знајте дека сте имале совршен секс.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top