Ова се најчестите грешки поради кои вашите деца се непослушни


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да направите грешка во одгледувањето на вашите деца не е чудо. Ама затоа е многу важно да ги согледате сопствените грешки и да не дозволите да се повторуваат.

Родителството е вештина која се учи попатно и никогаш до крај не се усовршува. За правилно одгледување на децата не може да ве подготви ниедна книга или совет. Да се биде родител значи секојдневно да учите за одгледувањето на вашите деца. А и да направите некоја грешка не е чудно, но треба да не дозволите грешките да имаат негативно влијание врз детето.

 

Не сте принципиелни

Најчеста грешка која секој родител ја прави е игнорирањето кога детето прави нешто лошо. Тоа тогаш не е лошо, но подоцна може грдо да се одрази. Тоа му дава до знаење на вашето дете дека и во иднина ќе добива внимание со лошо однесување. Ако нешто му кажете на детето и не ве послуша, а вие ништо не превземете во врска со тоа, на децата им испраќате порака дека не мислите озбилно и не мора да ве слушаат.

Премногу наредувате

Ако на детето секогаш му приговарате, можно е да му здодеат сите тие наредби. Доколку имате немирно дете, тоа значи повеќе наредби кон него, но мудро изберете ги. Ако детето постојано го слуша вашиот висок тон на глас, тоа ќе научи да го игнорира. Со нежен тон кон детето може да се постигне подобар ефект. А тивкиот говор ви помага да ги контролирате негативните емоции, и лутината. Со тивок глас кон детето ќе овозможите соработка, а создава и опуштена атмосфера.

Премногу кажувате „НЕ“, а премалку „ДА“

Детето кое премногу слуша „НЕ“ во некој момент ќе престане да ве слуша затоа што тоа го збунува и фрустрира. Затоа исполнете ги разумните барања на вашето дете. Нека ви биде правило да ја исполните секоја желба на детето, освен ако немате добра причина за спротивното. Гледајте што помалку да ги употребувате „не, не смееш, забрането е.“