Ова на Гвардиола му се немаше случено никогаш!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема по добро да го памети јубилејниот 100-ти меч во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Монако во осминафиналето.

Осминафиналниот реванш Монако го доби со 3:1 и по поразот 5:3 во Манчестер се избори за своето второ четвртфинале во последните три сезони.

Мечот на стадионот „Луј II“ беше јубилеен 100-ти за Пеп Гвардиола, но дуелот нема да го памети по добро. Шпанецот во кариерата има 61 победа, 23 нерешени и само 16 порази како тренер на Барселона, Баерн и Манчестер Сити.

Откако ја започна тренерската кариера оваа сезона Гвардиола прв пат не ја мина осминафиналната фаза, односно во четирите сезони со Барселона и трите со Баерн никогаш не беше елиминиран пред полуфиналето.