Вебкафе

Ова мора да го чуете: Кит убиец зборува како човек (видео)


Научниците тврдат дека го снимиле китот-орка Вики како со својот тренер ги повторува зборовите „здраво“ и „довидување“, брои до три и дури и го изговара името на тренерот, која се вика Ејми.

Освен што се најголемите суштества на земјата, китовите се познати и по доста развиените комуникациски вештини кои различни единки, но и цели јата ги користат за меѓусебно разбирање. Новиот експеримент покажа дека китот убиец, познат како орка, може да го имитира и човечкиот говор.

14-годишната орка Вики живее во Маринленд, во француските Антиби и е прв кит на светот кој научниците забележале како повторува човечки зборови, пренесува британски Telegraph.

Овој потфат е уште поимпресивен ако се знае дека китовите, поради еволуциското прилагодување за огласување под вода имаат поразлично развиени вокални способности од луѓето.

Вокалната имитација е одлика на човечкиот говор, која заедно со другите когнитивни способности, беше клучна за развојот на човечката култура, вели Хос Абрамсон од универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Орките во океаните живеат во јата од кои секое има свој дијалект, вклучително и повиците кои се целосно уникатни. За некои од таканаречените „кликови“ дури се смета дека претставуваат имиња на одредени единки.

Секој пат кога добро ќе го повтори звукот, Вики за награда добива риба и тапкање по главата, додека шест судии ја оценуваа до која мера нејзината имитација ќе се совпаѓа со оригиналниот звук.

Научниците вклучени во истражувањето заклучија дека ова може да биде само дел од нејзините вокални способности и можности, кои би можеле да бидат и поголеми.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top