Ова е вистинската причина зошто на жените им се поладни рацете


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сигурно имате заприметено дека на мажите во зима им се потопли рацете отколку на жените. Можеби изгледа комплицирано зошто е тоа така, но не е!

Мускулната маса е она што ги прави рацете топли, а мажите имаат повеќе од жените. Поради што и рацете им се потопли. Истражувачи од Кембриџ го тестирале ова тврдење, експериментот налагал испитаниците да ги чуваат раце 3 минути во ледена вода.

Оние кои имале повеќе мускулна маса раце ги загревале многу побрзо. А сето тоа го потврдиле со термални камери. Резултатите ги изненадиле истражувачите затоа што сметале дека и мастите играат улога.

„Мислевме дека мастите се најважен фактор за терморегулацијата, но резултатите покажаа дека главната улога ја имаат мускулите. Човековото тело е неверојатно, ги користи мускулите за да го загрее остатокот, вклучувајќи ги и рацете“, вели еден од авторите на истражувањето.

Во експериментот учествувале 114 жени на возраст од 18 до 50 години, и резултатите покажале дека навистина на жените им се поладни рацете.