Ова е најубавиот концептен автомобил на светот (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Vision Coupe, кој беше претставен во октомври во Токио, освои награда за најубав концептен автомобил во 2017 година.

На 33-тиот меѓународен автомобилски фестивал во Париз, автомобилот на Mazda доби награда за “најубав концепт автомобил на годината”. Признанието го примил директорот за дизајн на Mazda, Икуо Маеда.Vision Coupe победил во конкуренцијата од 10 автомобили кои влегле во потесниот избор за 2017 година.

Покрај концептот на Mazda, кандидатите за овогодинешната награда биле:

  • Audi Aicon
  • BMW i-Vision Dynamics
  • Kia Pro_cee’d
  • Lamborghini Terzo Millennium
  • Mercedes-Benz AMG GT Concept
  • Mercedes-AMG Project One
  • Mercedes Maybach 6 Cabriolet
  • Nissan Vmotion
  • Peugeot Instinct.

Жирито кое одлучувало за наградата вклучувало експерти од автомобилската индустрија и автомобилскиот спорт, како и реномирани архитекти и модни дизајнери, а Mazda истата награда ја освоила и пред две години со својот концепт RX-Vision.

Како што сугерира самото име, Vision Coupe, баш како и RX-Vision, ја персонифицира визијата за дизајн на следната генерација на автомобилите на Mazda.“Vision Coupe користи рефлексија со цел да изрази чувство на виталност, што е следен чекор за дизајнот KODO”, изјавил Икуо Маеда.

Името на концептот е поврзан со 50-годишната традиција на елегантните купеа на Mazda како што е Luce Rotary, позната и како Mazda R130.Vision Coupe ќе биде изложен до 4-ти февруари во парискиот хотел “National des Invalides” како дел од меѓународниот автомобилски фестивал. Фестивалот годишно привлекува околу 35 илјади посетители.