Ова е лицето кое го изврши самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џихадист роден во Британија стои зад најголемиот терористички напад кој се случи во Манчестер. Ова е најголем бомбашки напад во последната деценија во кој загинаа 22 лица, а беа повредени 59 на концерт на американската поп ѕвезда Аријана Гранде.

Веднаш откако британската влада го подигна нивото на терористичка закана на критична ситуација, започнаа да се појавуваат детали за 22годишниот бомбаш самоубиец Салман Абеди, со либиско потекло, и неговите наводни врски со добро познат регрутер на терористичка група од Исламска Држава како и други познати џихадисти.

Тој неодамна се вратил во Британија од патувањето во Либија каде останал три недели а бил во посета на неговото семејство. Извори од британската полиција велат дека патувањето ја зголемило можноста тој да се сретнал со членови на терористичките групи во оваа северно африканска земја, кои им даваат инструкции и обука.

Соседите го опишуваат како опседнат фудбалски фан на Манчестер Јунајтед и страстен вљубеник во компјутерските игри.

Тие велат дека не биле забележливи знаци на радикализација кај него. Британските безбедносни служби признаваат дека Абеди им бил познат. Во некои нивни извештаи тој е нотиран како информатор, но на него не се гледало како на лице од висок ризик.

Други пак, го опишале како млад човек полн со бес, кој го осудил лидерот на локалната џамија кој за критики кон ИД. Тие велат дека тој почнал да се моли отворено на улиците.

Еден локален имам, Мохамед Саед, изјавил за британските весници дека Абеди престанал да присуствува во неговата џамија од 2015 година, откако откако настанала расправија околу ИД.

Салман доаѓаше во џамијата повремено, но тој не беше пријателски расположен со мене, бидејќи не му се допаѓаа моите анти ИД проповеди. Нему не му се допадна она што јас го кажувам. Оттогаш доаѓаше во џамијата поретко.

Абеди е роден во Манчестер во 1994-та година, трет од вкупно четири деца, три момчиња и едно девојче. Неговите родители биле либиските емигранти кои наоѓаат дом во северниот англиски град по бегството од режимот на Моамер Гадафи во 1980 година.

Неговиот татко, Рамадан Абеди, поранешен припадник на обезбедувањето на аеродромот во Манчестер, се вратил во Либија во 2011-та година за да се приклучи на востанието против либискиот автократ. После соборувањето на Гадафи, неговите родители поминуваат повеќе време во оваа северноафриканска земја отколку во нивниот дом во јужниот дел на Манчестер, кое се наоѓа на помалку од две милји од местото каде се случи бомбашкиот напад во понеделникот.

Либиските емигранти во Манчестер велат дека таткото на бомбашот немал време за џихадистичката идеологија.

Тој секогаш бил со конфронтирачки став за џихадската идеологија. Тоа за него било криминал. Ова, семејството тешко го погодило, вели еден извор за локалните весници.оред весникот Дејли Мирор, Абеди бил семеен пријател на Рафаел Хости, исто така познат како Абу Кага Ал Британи, кој помагал да се ангажираат други млади Британци за Исламска држава преку социјалните медиуми, кога Ал Британи бил убиен во напад со беспилотни летала во Сирија, минатата година. Извори од британската полиција велат дека неговите врски со Хости се истражувани од страна на контра терористички функционери кои се плашеле дека Абеди може да биде дел од терористичка ќелија, и постоела зголемена загриженост за патувањето кое го направил за Либија пред нападот.

Од полицијата и понатаму се скептични дека Абеди сам да ја направил бомбата, која била софистицирана.

Абеди учел во локалните училишта, а потоа заминал да студира бизнис и менаџмент во блискиот Универзитет Салфорд. Во соопштението, портпаролот на универзитетот го опишал како студент кој се држел под радарот. Доаѓал на предавања две години, а потоа сосема престанал да доаѓа.

Во последната година ипол, Абеди и неговиот постар брат, 23-годишниот Исмаил, се активни на социјалните сајтови на медиуми, фалејќи ги џихадистите. Полицијата го уапсила Исмаил во понеделникот, веднаш по експлозијата. Тој инаку предавал арапски во џамијата Дидсбури а, според локалните жители, бил пријавен во полицијата заради загриженоста во врска со она што тој го предавал.

Полицијата ги испитува и врските меѓу браќата како и уште еден Либиец со британско потекло, Манчестер, Абдалрауф Абдала, кој бил осуден на девет години затвор заради финансирање и подготовка на терористички акти.

Некои аналитичари тврдат дека имало многу знаци на предупредување во врска со Абеди.

(Извор: Гласот на Америка)