Живот

Ова е главната причина зошто имате напади на глад во доцните часови

напади на глад

Оваа навика едноставно предизвикува дијабетис. Цел ден сте гладни, но вечерта надохнадувате за тоа, ова е честа грешка која е последица на брзиот живот кој го живееме.

Неодоливата потреба за прејадување во доцните часови не е само последица на гладувањето преку ден. На тоа влијаат и хормоните, тврди неодамнешното истражување. Истражувачите експериментот го спроведиле на 32 возрасни личности од 18 до 50 години. Половина од нив имале пореметување во исхраната и вишок килограми.

Испитаниците морале да постат во период од 8 сати пред оброкот во 9 часот наутро. Потоа повторно постеле до оброкот во 4 часот после пладне, и конзумирале течен оброк. На секои 130 минути после оброкот биле подложни на стрес-тест. По 30 минути откако бил изведен тестот требало да изберат брза храна како што е пица, чоколадо, чипс и слично.

Криви се хормоните и стресот

Резултатите покажуваат дека испитаниците биле повеќе гладни навечер отколку наутро, а сето тоа се должи на хормоните и стимулацијата на апетитот. А хормонот кој го намалува апаетиот навечер бил на многу ниско ниво.

„Доцна попладне или навечер е времето кога стресот предизвикува ситуации во кои се прејадуваме“, пишува Ред Онлајн.

Според тоа најдобро е да се јаде повеќе преку ден отколку да се гладува и да се надохнади во доцните часови.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top