Екстра

ОТВОРЕНИ ВРСКИ: Изненадувачки секс тренд кој станува се попопуларен!


Отворените врски и полиаморијата се најголемиот тренд на модерното време, па за нив размислуваат или го практикуваат дури 25% од луѓето. За да се дознае нешто денес дали е популарно или често, се што треба да се направи е да се анализира Гугл. Токму тоа го направи д-р Еми Морс и нејзиниот научен тим, кои ги истражија трендовите на Гугл пребарувањето од јануари 2006 до декември 2015г.

Според нивната студија, моногамијата е во сериозна криза. Најбарани сексуални поими на интернет се ’отворена врска’, ’полиаморија’ и ’свингери’. Живееме во време кога се повеќе луѓе сакаат да експериментираат, дури и ако се во врска или во брак. За разлика од неверствата, ваквите типови односи подразбираат согласност и знаење на партнерот, кој најчесто ги има истите права.

Разликата меѓу полиаморија и полигамија е тоа што односот со третите партнери не вклучува брак. Според д-р Морс, интернетот и ТВ трендовите ги популаризираат ваквите односи.


СВИНГАЊЕТО Е ЛЕК ПРОТИВ РАЗВОДИ

Луиз Ван Дер Велде, советничка за врски од Харли Стрит смета дека свингањето е лек против разводи. Според нејзе, воведувањето на други личности во интимниот живот е клуч за долготрајна исполнета врска. Во Лондон, Ван Дер Велде, попозната како ’Професорка на уживањеето’ организира терапии за богати и убави парови помеѓу 30 и 45 години, кои често кулминираат со групен секс.

„Да се прашувам јас, цел свет би свингал“, вели Луиз. Таа ги прави овие ’терапии’, сметајќи дека класичниот брак е застарен, а организира и дводневни настани за да ги спаси врските на неконвенционален начин. Таа тврди дека сексот со странци ќе создаде брак кој никој не би сакал да го напушти.

„Свингањето спречува неверства. Ако ги истражувате желбите на вашиот партнер заедно со него, исчезнува желбата за изневерување. По терапиите, партнерите често продолжуваат да експериментираат заедно. Не знам зошто некој воопшто би размислувал за изневерување, ако партнерот би му пружил слобода да ја истражи својата сексуалност“, вели Луиз за Дејли Меил.

ПОЛИГАМИЈАТА НИ Е ВО ГЕНИТЕ?

Сексуалната ексклузивност во човечкото општество дошло со појавата на земјоделството и приватната сопственост, но таа не ја промени човечката природа, тврди д-р Кристофер Рајан, автор на книгата „Сексот и зората“, во која ја анализира историјата на човечката сексуалност.


„Поборниците на моногамија мора да научат да пливаат низводно против струјата која ни остави еволуциски развој“, смета д-р Рајан. Анализирајќи го сексуалното однесување на најблиските човечки роднини – приматите, но и однесувањето на луѓето од нивното постоење, дојде до заклучок дека сексуалноста кај луѓето еволуирала како и други особини.

Од појавата на модерните луѓе целта на сексуалноста е емоционално зближување, а не правење потомство, како што било на почетокот. Истакнува дека идејата за моногамија е само уште еден детал од културното и цивилизирано општество, на ист начин како што е и почитувањето на моралните закони.


„Верноста е еднакво тешка и за мажите и за жените – моногамијата воопшто не е лесна. Но, оние кои тврдат дека не се родени да бидат моногамни, ја пропуштаат суштината, бидејќи мнозинството цицачи не се. Но, луѓето се интелигентни суштества и слободно ќе изберат“, истакнува д-р Рајан.

Бројни следбеници на д-р Рајан во научните кругови се согласуваат дека луѓето не треба да го прифатат фактот дека жените се од Венера, а мажите од Марс, туку дека двата пола се од Африка.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top