Вебкафе

Отворен е најдолгиот стаклен мост во светот! (видео)


Во северната кинеска покраина Хебеи е заврешена изградбата на најдолгиот стаклен мост на светот и првите посетители веќе имаа прилика да се прошетаат на него.

Околу 3000 туристи биле на отворањето на овој мост. Мостот е долг 488 метри и има ширина од 4 метри, а висок е 218 метри.

Во изградбата на мостот се користени 1077 стаклени панели и мостот е тежок 70 тона.

Главниот на градилиштето, кажува дека „Небескиот мост“ има капацитет до 2000 лица, а дозволено е на него да има најмногу 500 лица.

Многу луѓе кои го тестираа, веќе се закочиле на првата половина и кажуваат дека поминувањето на толкава висина по стакло создава посебно чувство.

Погледнете го видеото:

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top