Откриено: Еве што му рекол Роналдо на Меси после „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барса дојде до убедлива победа против Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“, а шпанските медиуми открија што му рекол Роналдо на Меси после натпреварот.

Роналдо не успеа да се запише во листата на стрелците, а после постигнатиот гол од офсајд пропушти една колосална шанса. Во продолжение Барса се консолидираше и дојде до предност преку Суарез, а потоа Меси со гол и асистенција стави точка на натпреварот.

После натпреварот Роналдо замени неколку зборови со Меси, делумно прикрувајќи ги усните со рака со цел да го сокрие разговорот од медиумите и познатите читачи од усни. Меѓутоа „Дон Балон“ отри се што Роналдо му кажал на Меси и тврди дека Португалецот му рекол дека Барселона заслужено славела во дербито.

И „Диарио Гол“ пренесе како Роналдо му рекол на Меси дека Барселона била подобар тим и дека Реал не успеал да го пронајде својот ритам.