Научна реалност

Откриена нова планета со големина на Земјата (видео)


Астрономите открија нова планета, која ја нарекоа „Рос 128-б”, и којашто има големина слична на нашата Земја. Но, годината таму трае нешто помалку од 10 дена.

Планетата, засега втората најблиска до Сончевиот Систем, за која науката има сознанија, е одалечена 11 светлосни години, а се претпоставува дека температурата на тлото е колку онаа на Земјата.

Рос е прилично блиску до својата ѕвезда, поради што и има куса орбита. Но, не е изложена на високи температури.

Тоа се добри вести за оние кои трагаат по живот во Вселената.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top