Откриен необичен пердувест диносаурус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците откријаа необичиен пердувест диносаурус кој потсеќа на мутиран лебед од ноќна мора.

Необичното суштество имало грациозен врат од лебед, но и остри канџи и клун полн со заби.

Халсзкараптор ескуилиеи живеел пред 75 милиони години, бил еден модерен лебед, а се смета дека половина од времето го поминал под вода. По копно одел на две нозе, додека за маневрирање по водата веројатно ги користел предните крила во облик на пераи.

Овој диносаурус бил прв од големото семејство двоноги месојадци, наречени тероподи, кои се прилагодиле на начинот на животот како денешните водени птици.

Некои научници се сомневаат во автентичноста на фосилите. „Кога прв пат го истражував овој примерок, се прашував дали станува збор за вистински фосил“ рече др. Андреа Кау од геолошкиот музеј Капелини во Болоња.

„Откривме нервоваскуларна мрежа која подсеќа на онаа која ја имаат модрните крокодили“ вели Винсент Бајранд.

Невообичаено добро зачуван фосил е откриен во јужна Монголија, а притоа помина години во рацето на приватните колекционери ширум светот. Се работи за еден од многуте фосили кои се незаконски извезени од Монголија.