Откажан најавениот штрајк на синдикатот од Croatia Airlines


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синдикатот на Croatia Airlines се откажа од штрајкот, кој беше најавен за 8 август, по состанокот во Министерството за сообраќај и инфраструктура, на кој присуствувале претставници на управата и синдикатот на компанијата.

Заклучено е дека преговорите ќе продолжат на 1 септември.

Управата прифатила дел од барањата, а за другите барања, преговорите ќе продолжат.

Во преговорите околу постигнување договор и склопување нов колективен договор за вработените во Croatia Airlines ќе се вклучи и Министерството со цел наоѓање најдобро решение, како за правата на работниците така и за компанијата, како и за постигнување нејзина стабилност и одржливост.