Осуммина поранешни високи функционери заминуваат од врвот на ВМРО-ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осуммина поранешни високи функционери заминуваат од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу членовите на Извршен на ВМРО-ДПМНЕ веќе не се Владимир Пешевски, Емил Димитриев, Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Сашо Мијалков, кој пред почетокот на состанокот денеска самиот најави дека се повлекува од сите партиски функции. Во ИК нема да биде ниту Кирил Миновски, поранешниот министер за финансии.

Повеќето од поранешните високи фунционери на ВМРО-ДПМНЕ се спомнуваат во „бомбите“ кои ги објави опозицијата и неодамна останаа без пасоши поради обвинувањата што кон нив ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Вечерва на состанокот кој траеше речиси до полноќ, ВМРО -ДПМНЕ избра 19 нови лица за членови на Извршниот комитет на партијата.