Остри реакции во јавноста за најавата за ДДВ за физички лица!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обврската физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници предизвикува жестоки реакции во јавноста. Ова деновиве е една од „најжешките“ теми на социјалните мрежи, каде се критикува намерата на Владата да им наплаќа ДДВ и на физичките лица кои во 2017 година оствариле промет повисок од еден милион денари.

Според професорот Абдулменаф Беџети, факт е дека законската обврска за плаќање ДДВ од физички лица постои, но неопходно е да се појасни кој сè е обврзан да се регистрира, но и да се размисли за зголемување на прагот од еден милион денари.

„Нормата постои во законот, но сега почнуваат да го толкуваат со обврска за спроведување. Ова предизвикува турбуленција и голема нејасност околу тоа точно да се дефинира кои се даночните обврзници. Тоа е прво. Второ прашање е што е целта на оданочувањето и кој е предмет на оданочување?“ – изјави Абдулменаф Беџети, академик

Пред три дена, во изјава за Алсат М, советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ порача дека и физичките лица, без дилема, треба да плаќаат ДДВ исто како и фирмите. Тој рече дека станува збор за законска обврска стара 18 години, но оти таа досега не се спроведувала. Од СДСМ вчера соопштија дека Владата ја разгледува можноста да го зголеми прагот од еден милион денари за станување ДДВ обврзник. Сепак, на нашето прашање дали постои ваква намера, од Владата денеска без конкретен одговор.

„Владата на РМ ги зема во предвид сите мислења на експертската и пошироката јавност, особено кога постојат прашања за кои постојат различни ставови. Владата прави анализа врз основа на ставовите на различните засегнати страни и при носење на одлуките секогаш се носи примарно од интересот на граѓаните на РМ.“ – соопштуваат од Влада на РМ

Од Управата за јавни приходи веќе четири дена не можеме да добиеме одговор колку физички лица се регистрирале како ДДВ обврзници заклучно со законскиот рок кој истече на 15-ти јануари и дали ќе има казни за оние кои не го направиле тоа? Како ДДВ обврзници треба да се регистрираат лицата кои заработуваат како вештаци, стечајни управници, лица кои издаваат простор, лица кои заработуваат со авторски договори, договори на дело, лица кои членуваат во надзорни одбори и граѓани кои вршат земјоделска дејност. И тие како и фирмите, би имале право на поврат на ДДВ.

Извор: АлсатМ