Вебкафе

Остана мртов на место, па тврди дека добил шанса да зборува со Исус и пак оживеа


Еден човек тврди дека, откако доживеал сообраќајна несреќа, имал можност да разговара со Исус, па сега открива што му рекол.

Лицето познато како Пол О. тврди дека ја искусил смртта и во таа прилика разговарал лично со Исус Христос. Пол возел кон гробот на својот татко за да остави цвеќе, кога му се случила сообраќајна несреќа. Во автомобилот со него биле уште и неговата сопруга и сестра му.

Пол тврди дека загубил контрола над возилото и излизгал на другата страна од патот, каде автомобилот удрил во дрво кое испаднало од камионот кој поминувал во тој момент.

„Видов како кон ветробранското стакло лета парче дрво. Правецот го менуваше доста бавно и право кон мојата линија на преглед. Како што низ главата ми поминуваше мислата дека ќе умрам, цело тело почна да ми се тресе. Тоа чувство потоа се пренесе само на главата и буквално излезе низ тилот. Буквално излегов од сопственото тело. Се движев нагоре во целосен мрак, но со неверојатно чувство на спокој“, раскажува Пол.

Тој објаснува дека имал чувство како да е лансиран во некоја сфера и дека неговата прва мисла била: „Дали вака изгледа да си мртов, ми се допаѓа“. Потоа се појавила бела светлина која се движела кон него.

Тој своето искуство со смртта го опиша за Фондацијата за истражување искуства блиски до смртта.

„Тогаш чув глас од светлосниот диск. Беше доста авторитативен и заповеден, но никако застрашувачки. Ми рече – врати се“, се потсетува Пол.

Според неговите зборови, истиот миг повторно се нашол во автомобилот.

„Сфатив дека гласот од дискот беше Исус“, вели тој.

Експертите и натаму не се сигурни што се случува со нас кога ќе умреме, но најновото истражување откри дека лицето може да ја сфати сопствената смрт, бидејќи умот и свеста продолжуваат да функционираат неколку моменти после неа.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top