Оштетени и сквернавени гробови на гробиштата од скопско Љуботен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Речиси три часа траеше увидот на екипите на крим техника на гробиштата во скопското село Љуботен кои вчера беа мета на вандали. Сликата ден по сквернавењето на триесетина православни гробови е страотна.

Искршени надгробни плочи, превртени крстови, вака изгледа сликата од гробиштата во Љуботен во дворот на црквата „Св. Никола“, откако вчера среде бел ден група вандали ги уништија речиси сите гробишта тука. Ден по грозоморниот чин жителите дојдоа тука обидувајќи се да ги санираат штетите на вечните почивалишта на своите блиски.

Дел од граѓаните кои вчера попладне отишле да запалат свеќа на гробиштата, ги затекнала ужасната слика. Револтирани го осудија овој настан. Бараат од надлежните да го расветлат случајот и да ги казнат сторителите.

Жителите раскажуваат дека не било прв пат да се случат вакви инциденти. Пред неколку години биле сквернавени истите гробишта, а неколку пати била ограбувана и уништувана црквата „Св. Никола“. Надлежните досега велат не ги пронашле сторителите.

Од МВР го осудија како што велат овој кукавички чин и велат дека интензивно ќе се работи на целосно расветлување на случајот.