Оргии, неверства и кавги: Еве ги најконтроверзните песни и спотови од 2016


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да, покрај задоволство и забава, музиката може да предизвика и контроверзии. А тоа оваа година го покажаа и докажаа Канје Вест, Тејлор Свифт и Бијонсе, благодарение на специфичните и чувствителни стихови кои не секогаш се добро прифатени кај фановите, критичарите и останатите колеги уметници.

Еве ги најконтроверзните песни и спотови кои ги чувме и видовме во годината која е на заминување.

“Famous” – Kanye West feat. Rihanna

Од судирот на доделувањето на Grammy наградите, Тејлор и Канје се држат „на нож“, ситуација која тој маркетиншки добро ја искористи во песната Famous. Во стиховите тој ја споменува Свифт во контекст со зборовите „кучката која ја направив позната“.

“This is what you came for” –  Calvin Harris feat.Rihanna

Неколку недели откако шкотскиот ди-џеј раскина со Тејлор Свифт, дојде до тензија помеѓу бившите љубовници. Публицистот на славната пејачка јавно објави дека всушност Тејлор е автор на популарната песна што го изреволтира Калвин.

“Sorry” – Beyonce

Албумот Lemonade сигурно е еден од оние албуми за кои најмногу се зборуваше. Популарната поп дива имплицираше дека нејзиниот сопруг Џеј Зи ја изневерил со „Беки со убавата коса“. После демантот од страна на модната дизајнерка Рејчел Рој дека песната е напишана за неа, светот со денови зборуваше за тоа која е мистериозната Бети. Нејзиниот одговор на стиховите од песната гласеше: „Убава коса, не ми е гајле“.

Подоцна се појави и муабетот дека, во суштина, станува збор за уште еден добар маркетиншки и популистички трик.

“Formation” – Beyonce

А песна на годината дефинитивно беше Formation. Кога се појави спотот, сите ја забележаа симболиката за политичката бруталност кон црнците, на што Бијонсе се огласи преку медиумите. Тврдеше дека во спотот воопшто не било прикажано такво нешто и дека таа ја цени полицијата и нејзиниот ангажман, но ја осудува бруталноста.

Бијонсе дополнително крена прашина со својот настап на Superbowl спектаклот, кога со неа на сцента се појавија армија жени облечени во костими од Црните пантери.