Актуелно

Опозицијата бара протестна нота за вчерашните демонстрации против Македонија во Солун – Владата гледа изолиран инцидент!


Осуда за политиките на нетрпени и омраза демонстирани на протестот во Солун искажува македоноското МНР. Во реакцијата од министерството оценуваат дека ваквите постапки се став на малцинството оти поинакви биле желбите на мнозинството.

– Мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји. Министерството за надворешни работи на Република Македонија е уверено дека целиот регион и нашите две земји се на вистинскиот пат на доброседство кој ќе резултира со исполнување на евроатланските интеграции на нашата земја, како и стабилност и економски развој на целиот регион, се вели во реакцијата.

И грчката влада е загржина по вчерашните протести во Солун. Порптаролот на грчката влада ги повика политичките лидери во земјата да покажат национална одговорност и да сватат дека не решавањету туку оставањето на проблемот ги поткопува националните интереси на земјата.

Реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Митрополитот солунски Антимос кој беше еден од најгласните на вчерашниот протест, денеска побара и светиот синод на грчката црква да одлучува по однос на учеството на црквата на протести и да завземе по директен став. Архиепископот Јероним пак е задоволен што голем број од верниците го послушале неговиот повик и не заминале на протест.

Извор: ТВ Сител

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top