Опасно „шетање на Месечина“: Чекорел во сон и паднал од 8-ми кат (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ренди Потисан (35) имал огромна среќа што останал жив после падот од градежно скеле, шест ката пониско од катот на кој се наоѓа неговиот стан во Њујорк.

Пожарникарите го подигнале од скелето и низ прозорецот го внеле во станот од каде што стигнала итната помош. Ренди при падот ја скршил ногата и ги повредил градниот кош и грбот, но лекарите велат дека ќе закрепне.

Неговиот брат изјавил дека Ренди и претходно месечарел. Неговата девојка изјавила дека тој главно пиел апчиња за спиење пред да легне.

Луѓето што користат апчиња за спиење без рецепт често се во опасност од месечарење. Истражувањето од 2012 година било спроведено на Универзитетот „Стенфорд“ и покажало дека околу 3,6 проценти од возрасните луѓе месечарат.