Охриѓанка пазарела во Прилеп со фалсификат илјадарки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прилепската полиција поднесе кривична пријава против З.Р. (28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено две кривични дела фалсификување пари.

На 1 февруари во периодот од 16 и 45 до 17 часот во колонијална продавница во Прилеп пријавената купила две кутии цигари со фалсификува на банкнота од 1.000 денари.

Истиот ден, во слаткарница во Прилеп, пријавената купила парче торта со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, соопшти полицијата.