Охридска банка Сосиет Женерал прогласена за најдобра банка во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Охридска банка Сосиете женерал со гoрдост објавува дека ја завршува тековната 2016 година како добитник на интернационалната награда Најдобра банка во Македонија, доделена од The Banker. Оваа награда доаѓа на врвот на претходните две во истата категорија, доделени во првата половина од годината од Euromoney и Global Finance.

The Banker – една од најпрестижните меѓународни финансиски публикации во сопственост на Financial Times Ltd., ја прогласи Охридска банка Сосиете женерал за Најдобра Банка во Македонија за 2016 година. Ова е уште едно признание за постојаните растечки резултати и одржливиот развој на комерцијалните активности во однос на сите бизнис и организациски сегменти, кои ја позиционираат Охридска банка Сосиете Женерал на високо место во конкурентното пазарно опкружување.

Добивањето на трите награди во период од само една година е резултат на континуираните заложби на Банката да претстави сосема ново ниво и квалитет во традиционалното банкарско портфолио на македонскиот пазар.

Целта на Банката е постојано да нуди квалитетни и транспаретни производи и услуги, кои ги исполнуваат, па дури и надминуваат очекувањата на клиентите.

Едно од основните, но не и единствените мерила на успехот на Банката е остварениот финансиски резултат кој од секој аспект на оперативните активности достигнува рекордно високо ниво.

Во 2016 година Охридска банка Сосиете женерал бележи раст во сите сегменти од работењето. Во првите 3 квартали остварена е нето добивка за 15% повисока од онаа остварена во истиот период минатата година. Растот на вкупниот биланс на состојба изнесува 9,6%. Зголемувањето на кредитните пласмани изнесува 12%, додека депозитите од население се зголемија за 5,7% во однос на истиот период лани. Паралелно, квалитетот на кредитното портфолио останува на одлично ниво, со учество од 5,4% на нефункционални пласмани, што е значително помало од просекот на банкарскиот сектор.

Овие достигнувања се резултат на кориснички ориентираната стратегија на Банката. Нашите клиенти и нивните потреби се примарен фокус во креирањето на понудата и пласманот на производи и услуги. Наша цел е да бидеме прв избор на корисниците и најпрепорачана банка во Македонија, додаде Бранка Павловиќ.

Преку своите деловни и општествено одгoворни активности, Охридска банка Сосиете женерал подеднакво создава дополнителни вредности за своите вработени, клиенти и заедницата во целост, како добар корпоративен граѓанин во земјата.

Во периодот што следи, фокусот останува на потребите на клиентите, преку обезбедување на иновативни и поволни производи и услуги за нив. Иднината предводена од дигиталните трансформации и модернизираниот профил на клиентите, ги насочува плановите за развој на Охридска банка Сосиете женерал во правец на следење и одржување на темпото на трансформација, со амбиција да остане една од водечките банки во Македонија, обезбедувајќи одржлив раст и профитабилност.