Охрабрување до младите: Приклучете се во проектот „Ослободи ја идејата“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искуствата ве менуваат, ве прават посилни и повешти. Зошто утре, а не денес? Не губете повеќе ниту еден ден.

Младите можат со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, по трет пат ги повикува сите млади од Македонија да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА.

Што треба да направите?
1. Составете тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години;
2. Дискутирајте за предизвиците во заедницата кои ве засегаат вас;
3. Предложете решение;
4. Направете план преку кој ќе делувате при решавање на проблемот во однос на некоја од понудените области кои ќе ги пронајдете на веб-страната на Младите можат;
5. Испратете ја пополнетата апликациска форма.
По истекувањето на рокот за пријавување, петте тимови со најрелевантна, најиновативна и најизводлива идеја ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развој на идејата преку остварување менторски средби и консултации. При крајот на месец април тимовите ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за иницијатива и да ја убедат публиката и жири-комисијата за потребата за решавање на проблемот и креативноста на понуденото решение.
Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и награда за целиот тим.
Повеќе информации за иницијативата „Ослободи ја идејата“ можете да пронајдете на веб-страната на Младите можат, или едноставно со клик тука.
Рокот за аплицирање трае до 05.04.2017, 23:59 часот.