Официјално: „Видео-судија“ ќе се користи на СП во Русија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Светскаат фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино потврди дека видео-технологијата ќе се користи на натпреварите на Светското првенство во Русија, следната година.

Видео-технологијата која вклучува дополнителни судии на стадионот се покажа како многу добра и ФИФА одлучи на Мундијалот во Русија да ја користи при спорни моменти и со тоа да ја зголеми регуларноста на средбите.

„Ќе ја користиме новата технологија на СП во Русија. Нема причини тоа да не се случи, кога имаме позитивни искуства од досегашните тестирања“, истакна Инфантино.

„Видео-судијата“ на неколкуте тестирања се покажа како перфектен. За време на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Шпанија во март, на Французите оправдано им беше поништен гол.