Нобел

Официјална промоција на Samsung Galaxy Note 8 во Македонија


Samsung Македонија и официјално го претстави новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 8 пред македонската публика. Новиот Note 8 ќе може да се набави од 15 септември кај македонските мобилни оператори, како и низ повеќе дистрибутери на електронска опрема.

На промоцијата во барот „Дистрикт“ беа истакнати главните квалитети на Samsung Galaxy Note 8 како што е новиот 6,3 инчен Infinity Display со формат од 18:9 и Quad HD резолуција, двојната 12 мегапикселна камера за креирање фантастични слики и видеа со оптичка стабилизација, употребата на S Pen за брз внес на податоци и команди, како и неговиот моќен осум-јадрен Exynos 8895 Octa процесор. Отпорен е на вода и прав, има брзо безжично полнење и виртуелен асистент Bixby. Располага со 6 гигабајти RAM меморија. Достапен е во црна, сива, сина и златна боја.

„Во 2011 кога за прв пат ја лансиравме Note серијата малкумина веруваа дека телефон со голема дијагонала на дисплејот ќе постигне успехот. Samsung ги следи потребите на потрошувачите, но и создава нови категории на производи што е резултат на иновативноста“, истакна Маркетинг Директор на компанијата Samsung за Адриатик Регионот.

Иако Galaxy Note 8 има до сега најголем екран од сите Note уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата на “бесконечниот” екран од 6,3 инчи Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да скролаат помалку. Покрај “Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Note 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации. Сега корисниците ќе можат да ги гледаат видео содржините додека пишуваат порака или да се вклучат во конференциска врска додека бројот и дневниот ред на состанокот им стои на екранот.

Пенкалцето „S Pen“ им овозможува на корисниците да запишат и до 100 страници белешки на телефонот, дури и кога екранот е исклучен. Корисниците на овој начин ќе можат и да сликаат, затоа што Samsung нуди своја апликација со Note 8 телефоните со S Pen. Со S-pen исто така ќе може да означувате текст и да го преведете во различни јазици. Исто така, S Pen ќе може да се користи во апликациите за пораки, каде што може да се креираат сликички и гифови кои може да се испраќаат на пријателите.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!