Актуелно

Официјална Приштина: Убиството на Ивановиќ – резултат на нелегално странско мешање


Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, во врска со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ, кој беше убиен на северот од Косово, изјави дека тоа е резултат на нелегално мешање што доаѓа од надвор, пренесува Радио Слободна Европа.

Косовската полиција во вторникот му го предаде телото на убиениот српски политичар Оливер Ивановиќ на неговото семејство.

Ковчегот на Ивановиќ беше однесен во неговиот дом, додека надвор десетици негови поддржувачи положуваа цвеќе и палеа свеќи.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по состанокот на косовскиот Совет за национална безбедност изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ било резултат на „незаконско мешање во северниот дел на Косово од страна на странски институции“.

„Косовската полиција има добри односи со многу организации и ако видиме дека има потреба од помош во истрагата, можеме да го повикаме ФБИ да ни помогне, но не прифаќаме никаква изјава од кој било да се меша во законот и редот на северот“.

Харадинај додаде дека е изненаден што српската делегација го напушти претходно закажаниот дијалог посредуван од ЕУ со косовските водачи откако беше убиен Ивановиќ.

Во меѓувреме, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за време на посетата на Црна Гора изјави дека убиството ја загрозува стабилноста на целиот регион.

„Ова секако е голем удар, сериозен удар врз стабилноста во регионот, посебно на северот на Косово, а кога е загрозена стабилноста на северот на Косово, загрозена и стабилноста на Косово и на целиот регион“.

Стотици Срби палеа свеќи во спомен на Ивановиќ и во белградската црква Св. Сава.

Меѓу нив беше и лидерот на српската опозициска Демократска партија Драган Шутановац кој изјави дека Ивановиќ се соочувал со сериозни закани.

„Не знам кој е виновен, но знам дека никој не е невин и се додека надлежните конечно не испитаат и речат кој го направил убиството и кој го наредил сите надлежни било од Митровица, Приштина, Белград, па и Брисел се виновни и одговорни“.

Ивановиќ се сметаше за умерен политичар, а неговото убиство ги зголеми тензиите меѓу Косово и Србија. 64 годишниот Ивановиќ беше застрелан пред неговата партиска канцеларија во Митровица.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top