Одлучи да покаже и докаже колку нашето тело се менува во само неколку часа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сигурно ви е познато ова чувство: Наутро се будите со рамен стомак, а подоцна, после еден оброк или некоја закуска пред оброк, вашиот стомак веќе е некако надуен и нема ништо од идеалната рамна става.

Да ова е сосема нормална појава, а фитнес блогерката Лорен Тикнер објави фотографија на својот Инстаграм профил со различен изглед на своето тело, за да докаже дека нема ништо лошо, вознемирувачко и чудно во таквата појава. Објавата веднаш стана вирален хит.

Станува збор за нормална појава, бидејќи после три или повеќе оброци дневно, нашиот стомак се раширува, а со оглед на фактот дека додека спиеме ништо не јадеме, наутро нашиот стомак е повторно рамен.

Секако, сето тоа зависи од подуеноста и дали имате проблем со таа појава. Лорен, инаку, откри дека страда од синдромот на иритабилни црева, па уште некои фактори влијаат врз нејзиното зголемување на стомакот.

Исто така, таа напиша дека таа состојба на зголемен стомак не треба да ги загрижува луѓето, бидејќи се јавува кај сите. Освен, ако човек нема некои сериозни проблеми, па да треба да се посоветува со лекар.

„Заклучок од сето ова е: Ако стомакот навечер е поголем, немајте грижи. Но, секако посетете лекар доколку имате болки и чувство на неудобност“, порачува Лорен.