Одговор на вечното прашање: Еве како реагира организмот откако ќе ги оставите цигарите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако не е лесно, доколку ги оставите цигарите веднаш ќе се покажат посакуваните ефекти. Се зголемува капацитетот на белите дробови, кожата добива сосема нова боја, се менува плодноста кај жените и се продобрува сексуалниот живот.

Во продолжение, следат неколку интересни описи за тоа како реагира телото при престанок со пушење.

По само 12 часа, телото се чисти од јаглерод моноксид и се враќа во нормала, а нивото на кислород се зголемува.

Веќе по 24 часа, ризикот од срцев удар е намален, како и крвниот притисок. По два дена, поранешните пушачи веќе чувствуваат нови мириси и вкусови, бидејќи пушењето им штети на нервните завршетоци кои се одговорни за мирис и вкус.

Повлекувањето на никотин од организмот започнува по три дена, кога телото почнува да реагира. Се јавува многу силна главоболка и неверојатна потреба за цигара. Во тие моменти, од суштинско значење е да одолеете со моќта на вашиот ум и да продолжите понатаму. По еден месец непуштање се подобрува функцијата и капацитетот на белите дробови, а кардиоваскуларните вежби како што е трчањето, стануваат полесни.

Девет месеци по откажувањето од пушење, белите дробови се делумно заздравени, а прв знак за тоа се ретките заболувања од бронхитис што сте го имале претходно. Десет години по прекинот на пушењето, можноста за рак на белите дробови е двојно намалена, но исто така и ризикот од рак на уста и грло.

Дури по 20 години ризикот од рак на белите дробови е на исто ниво како кај некој што никогаш не пушел.